четврток, 6. август 2020. Вести денес: 175
home Вести

Министерот Чулев на средби со граѓаните во Гостивар

Министерот Чулев на средби со граѓаните во Гостивар

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев оствари средби со граѓаните во Гостивар, на кои, како што напиша на неговиот ФБ профил, тие говореле дека сакаат да живеат во држава во која ќе се почитуваат законите и во која ќе владее правото.

– Ред, поредок, неселективо спроведување на законите, засилена борба против корупцијата и криминалот, ова се темелите на кои ќе го градиме полициското работење во иднина, потенцирал Чулев.

На средбите со граѓаните во Гостивар, министерот Чулев појаснил дека преку систематски мерки и активности ќе се надогради безбедносниот систем, со цел да биде ефикасен на стратешко, оперативно и тактичко ниво за да се спротивстави на сите облици на организиран криминал и корупција, вклучително и во своите редови, унапредувајќи ги притоа, подвлекол, капацитетите за соработка и заедничко делување со ЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Коронавирус