четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 88
home Вести

Министерот Чулев го оствари правото на глас

Министерот Чулев го оствари правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев утрово во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во населбата Аеродром заедно со своето семејство го остварија своето гласачко право.

-До овој момент, согласно информациите со кои располагам, изборите минуваат мирно и без посериозни проблеми. Денешните избори треба да бидат празник на демократијата и доказ за функционирање на уставно – правниот систем на државата. Очекувам изборниот ден да помине во мирна, фер и демократска атсмофера. Апелирам до граѓаните да излезат и да го остварат своето право.  Воедно апелирам до сите чинители во општеството да се воздржат од активности со кои би можело да се наруши изборниот процес, нагласи Чулев.

Тој додаде министерството за внатрешни работи ја гарантира безбедноста на целиот изборен процес и бескомпромисно ќе постапува секаде каде што ќе бидат детектирани обиди за попречување на граѓанското право за слободно изразување на политичката волја.

Коронавирус