сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 58
home Вести

Министерката Апостолска на средба со амбасадорот на Република Словенија

Апостолска го информираше амбасадорот Јазбец за владините економски политики и инвестициската клима во Македонија, притоа детално презентирајќи ги мерките од Планот за економски раст и финансиската поддршка која истите може да ја понудат на словенечки компании кои би биле заинтересирани за инвестирање во земјава.
Министерката Апостолска на средба со амбасадорот на Република Словенија

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, денеска имаше средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец на која стана збор за можностите за унапредување на економските односи помеѓу двете земји и нивно подигање на степен кој ќе ги одразува одличните долгогодишни политички односи.

На средбата, како што соопштуваат од кабинетот на министерката, е  констатирано дека со заеднички напори трговските односи и инвестициите помеѓу двете земји може значително да се подобрат.

Апостолска го информираше амбасадорот Јазбец за владините економски политики и инвестициската клима во Македонија, притоа детално презентирајќи ги мерките од Планот за економски раст и финансиската поддршка која истите може да ја понудат на словенечки компании кои би биле заинтересирани за инвестирање во земјава.

Во насока на унапредување на економската соработка и зголемување на инвестициите од Словенија во Македонија, на средбата беше договорено Планот за економски раст да биде претставен пред стопанственици од Словенија кои имаат свои бизниси во Македонија.

Станало збор и за можностите за презентирање на инвестициските потенцијали на Македонија и пред бизнис заедницата во Словенија.

Од страна на амбасадорот Јазбец беше изразена подготвеност за вклучување на министерката Апсотолска на неколку бизнис настани, кои во текот на годинава ќе бидат организирани од словенечки стопанственци во Словенија, на кои би добила можност да ги претстави владините економски политики за поддршка на инвестициите.

На средбата станало збор  и  за остварување на директен контакт со неколку словенечки компании, за кои заеднички беше оценето дека Македонија може да биде атрактивна дестинација за инвестирање. (МИА)