вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Минирање на патот Кичево – Охрид, сообраќајот во прекин од 12 до 15 часот

Минирање на патот Кичево – Охрид, сообраќајот во прекин од 12 до 15 часот

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

На патниот правец Кичево – Охрид кај с.Врбјани на ден 29.04.2020 (среда) поради работи на пат (минирање) во период од 12 до 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус