Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради изведување работи на пат (минирање) на патниот правец Кичево – Охрид кај с.Врбјани на ден 30.12.2020 (среда) во период помеѓу 12:00 и 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.