четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 196
home Вести

Минималец од 18.000 денари или ШТРАЈК

Минималец од 18.000 денари или ШТРАЈК

Минималец од 18 илјади или штрајк.

ССМ се закани дека ако износот на минималната плата не се зголеми најдоцна до март и не се усогласат и другите плати нагоре – ќе излезат на улица. Иако претходно владини министри најавија можно зголемување на минималецот во јуни годинава, од ССМ велат дека ќе ја почекаат средбата со Влада закажана за 31ви па потоа ќе носат одлука што понатаму.

В петок претседателството и советот на синдикатот ќе кројат план за следните чекори. Синдикалците бараат и К-15 за цел јавен сектор исто како што е за приватниот.

„Најпоследна дата што може да се зголеми минималната плата е согласно законот и таа да се зголеми од март, согласно законско решение член 4 кој вели дека таа расте по однос на три параметри, БДП, животни трошоци и пораст на просечна плата.“ изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ

ССМ со апел до пратениците – прво на листа за гласање да се измените на законот за минимална плата, со кој таа ќе изнесува 60% од просечната, па дури потоа на дневен ред да се сите други закони.

„Бараме народни избраници да не се занимаваат со закони како што се изборен закон, прекин на апанажа итн. Сметаме дека овој закон е еден есенцијален закон за егзинстенција каде што бараме се што поднесовме да се изгласа, па потоа тие што предлагаат како бенефит на нивни цели.“ изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ

ССМ вчера имаше средба со министерката за труд Јована Тренчевска, од чиј кабинет соопштија дека и владина заложба е минималецот да биде 18 илјади што е можно побрзо оваа година, додека до крајот на мандатот да порасне на 20 илјади денари.

Најнови вести

Коронавирус