понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 174
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Милошоски: Заев тргува со правдата

Милошоски: Заев тргува со правдата

Се повикуваше на принципи а гледаме дека до пладне бил премиер, попладне бил обвинител, навечер бил судија, вели Милошоски

-Има големи сомнежи дека тргува со правдата. Како премиер господинот Заев се повикуваше на прицнипи, на реформи во судството и на владеење на правото, а гледаме дека до пладне бил премиер, попладне бил обвинител, навечер бил судија, истакна екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во своето интервју на телевизија Алфа.

Тој свесно го превземал ризикот при објавувањето на овие материјали бидејќи истото е од голем јавен интерес.

-Свесно од тоа што ми било доставено на располагање го превзедов тој условно кажано ризик да ги запознаам пратениците, а потоа и јавноста со она што стигнало до мене, а сметам дека е добро јавносто да го знае, а надлежните органи да согледаат дали има основа да постапат по однос на господинот Зоран Заев, рече тој

Клучната битка потенцираше Милошоски, Заев ја водел во 2015-ѕа година, а тоа е да нема пресуда за предметот „Поткуп“.

-Заев 2015-та година водел и се уште водел две за него важни битки. Едната во 2015-та да нема пресуда за него за предметот „Поткуп“ и мислам дека успеа според мене на штета на правдата да се избави од таа судска разрешница користејќи ја премиерската моќ и користејќи го неговиот капацитет да го потпише договорот кој дотогаш ниту еден премиер не го потпишал, договорот со Грција. Злоупотребувајќи го истиот мислам дека Заев смета дека со тоа што го склучил Преспанскиот договор има бланко мандат да прави што сака со обвинителството, правосудството, медиумите и Владата, но мислам дека и самиот е свесен дека имал лоша проценка.

Втората пак битка според Милошоски во која е бескурпулозен и е спремен да ги жртвува и најблиските соработници е онаа да се задржи на власт за да не одговара пред законите и да ги задржи фамилијарните бизниси, односно да го зголеми своето богатство.

Коронавирус