петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 10
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Милошоски: Заев фатен на дело како мести закон за да не одговара за своите криминали

Милошоски: Заев фатен на дело како мести закон за да не одговара за своите криминали

Пратеникот Антонио Милошоски денеска сподели аудио бомба во која ги открива скандалите на поранешниот премиер Зоран Заев.

Целиот текст интегрално е во продолжение:

Ќе ви го прочитам писмото кое што како транскрипт и материјал ми е доставено од анонимен укажувач.

Во писмото пишува:

Почитуван пратеник Милошоски Ви доставувам материјал од висок јавен интерес кој замолувам да го споделите со пратениците и со медиумите како претставници на јавноста.

Согласно Законот за заштита на укажувачите, аудио снимката и доставениот материјал укажуваат на грубо мешање на Извршната во Судската власт. Како и одлучувачката контрола на Извршната власт врз работата на обвинителството.

Материјалот сметам дека е сериозна индиција за кривична одговорност по основ на мешањето на извршната власт во работата и одлучувањето на Судската власт. Јавноста има право да ја слушне содржината на овој материјал бидејќи истиот има елементи на висока корупција и злоупотреба на службената положба и овластување на избрани и именувани лица.

Јас ќе ми дозволите да ви поделам дел од овој материјал толку колку што располагам. И може да ви предложам да го слушнеме и да го видиме аудио и видео материјал.

Интегрален текст од аудио записот- (слика во прилог)

Би сакал да укажам дека господинот Заев претходниот пат веќе призна дека се работи за неговиот глас, на аудио снимката која што беше објавена во Собранието на Република Македонија. Овој пат тоа не е тема.

Тема е што господинот Заев како премиер во присуство на други нему познати лица дава експлицитно јасен исказ дека тој договарал одлуки заедно со Врховниот суд, тоа е фрагнатно мешање на Извршната во Судската власт и кршење на многу членови во Кривичниот Законик и на принципите во Уставот на државата.

Второ, од самиот материјал може да се види дека господинот Заев цело време бил во тесна и блиска соработка со госпоѓата Катица Јанева, која што очигледно е дека без него не можела да одлучува или да постапува самоволно. И затоа може лесно да се заклучи дека господинот Заев и госпоѓата Катица Јанева биле во тесна координација и за самиот случај „Рекет“.

И третата работа, ако внимателно го видите транскриптот господинот Заев јасно посочува зошто му се брзаше на таков нелегален, неделовнички начин да се донесе Законот за обвинителство и зошто толку очајно се залагаше 80 пратеници да ги обезбеди да гласаат за да не важат понатаму во иднина нелегално стекнати материјали кои што би можеле да бидат употребени како докази против него во некоја идна постапка.

Коронавирус