вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 42
home Вести

Милошоски за фамозниот член 11: Станува збор за спој на извршната и законодавната власт каде што пратениците само играа улога на формални доставувачи

Милошоски за фамозниот член 11: Станува збор за спој на извршната и законодавната власт каде што пратениците само играа улога на формални доставувачи

Иако работата е завршена околу членот 11 од Законот за помилување, во емисијата „Вин Вин“ на Телма телевизија пратеникот Антонио Милошоски истакна дека единствени политичари кои се корисници на аболиција според член 11 се Зоран Заев и екс соработник во “Глобал”,а сега државен секретар во Министерството за локална самоуправа.

-Како оди формата и процедурата. И што би било автентична иницијатива, а тоа е доколку пратеник или пратеници самостојно одлучат да побараат толкување на одреден член од законот. Овде имавме класичен пример на диригирано, усоогласено, координирано и тоа надредено би рекол барање и иницијатива која што прво ја дава министерката за правда и вика ги повикувам пратениците веднаш да побараат автентично толкување, уште не завршен пресот на министерката повиканите пратеници од владеачката коалиција потпишуваат иницијатива подготвена од министерката за правда, таа оди во владата и владата праќа мислење. Овде имаме еден спој на извршната и законодавната власт каде што пратениците само играа улога на формални доставувачи на тема за која што сметаме дека ќе наиде на отпор. Ќе беше почесно доколку не беа злоупотребени пратениците на владеачката коалиција, доколку самата влада покренеше иницијатива. Затоа што овде во суштина иницијативата дојде од министерката за правда. Тоа значи не беше автентична иницијатива на пратеникот Диме Велковски, бидејќи тоа не е негов ресор. И затоа сметам дека иницијативата беше владина и мислењето беше владино. Апсурдот беше што пратеници бараа толкување за член што тврдат дека не постои, владата дава мислење за член за кој тврди дека не постои и на крај комисијата завршува без заклучок. Само двајца политичари се корисници на таа аболиција. Членот 11 не постои, но тоа треба формално правно да се спроведе и во самиот закон, тоа ќе значеше дека ретроактивно членот 11 се брише од 1993 година наваму. Единствената работа што постои во моментов се двајца политичари се корисници на таа аболиција. Едниот е Зоран Заев и вториот е неговиот соработник во “Глобал” и во моментов е државен секретар во Министерството за локална самоуправа, рече Милошоски.

Коронавирус