петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Вести

Милошоски: Во последниве три години од Македонија масовно се иселуваат Албанци, како никогаш претходно

Во последниве три години од Македонија масовно се иселуваат Албанци, како никогаш претходно, затоа што немаат перспектива и се чувствуваат излажани...
Милошоски: Во последниве три години од Македонија масовно се иселуваат Албанци, како никогаш претходно

-Вие сте лекар и можеби и знаете некои од овие лица Авни Азизи од Тетово специјалист работел во „8-ми Септември“, Шелким Реци од Струга анестезиолог, Белрдим Зиба од Струга дигестивен хирург. Во последниве три години овие луѓе биле вработени, имале добри позиции, биле стручни лица и заминале во Германија или Швајцарија. Има листа на луѓе колеги на Бујар Османи кои заминале од земјава, рече пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на дебатата со вицепремиерот за европски прашања на телевизија АлсатМ.

Тој укажа дека тие не се заминати зошто таблите не се двојазични или тројазични, зошто не постои некој инспекторат, не се заминати зошто министерот за администрација е спор.

– Тие луѓе работеле дали во Скопје, дали во Струга, Тетово или Гостивар и во последниве години се замнинати надвор. Тие се заминати зошто не гледаат правна извеснот и перспектива за подобар живот. Има актуелна влада која водеше кампања Живот во Скопје, Гостивар…., а сега гледаме дека луѓе со куфери секоја недела заминуваат во странство и не се враќаат, рече Милошоски.

Пратеникот укажа и колку луѓе и кога се заминати.

-Во измнативе три години се заминати повеќе Албанци отколку во последните 15 години, посочи Милошоски.