петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Вести

Милошоски: Власта со ваквото лошо располагање на Буџетот Македонија ја втурнува кон банкрот

Милошоски: Власта со ваквото лошо располагање на Буџетот Македонија ја втурнува кон банкрот

Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, по средбата со туристички и здравствени работници во Охрид, даде одговор на новинарски прашања. Едно од прашањата беше и за новото задолжување на власта.

-Две мерки кои што сметам дека се прилично тешки за македонската економија се прво новото задолжување со 700 милиони еврообврзница, и второ забраната од Владата и Народната Банка банките да делат дивиденди и добивка на своите сопственици, клиенти или акционери, истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека двете мерки укажуваат на многу слаб Буџет , и ваквото лошо располагање со Буџетот може државата да ја турка кон банкрот со големо задолжување.

Коронавирус