сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 4
home Вести

Милошоски: Власта нема реални мерки како да се справи со ситуацијата затоа СДСМ и ДУИ изиграваат соперници

Милошоски: Власта нема реални мерки како да се справи со ситуацијата затоа СДСМ и ДУИ изиграваат соперници

Дека ДУИ дознале за иницијативата од медиумите како што вели Груби, мене не ми звучи релевантно затоа што СДСМ и ДУИ по потреба се блиски партери, а по потреба се соперници, и во овој случај гледам еден таков однос на взаемна корист, изјави Антонијо Милошоски во Топ Тема на Телма Телевизија.

Милошоски вели дека тоа се гледа по тоа што нема ниту еден различен став на СДСМ и ДУИ кога станува збор за уредбите кои што се донесени од страна на владата.

-Кога би имало било каква дисонантност таа би се забележала и во фунционирањето на владата, но гледаме дека таа работи унисоно. Ова според мене е еден дел од таа тактитика за политичка занимација во услови кога на владејачките партии им недостигаат реални мерки како да се справат здравствено, а особено и економски како да се справат со оваа ситуација, потенцираше Милошоски

ЕУРО 2020

Македонија