сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 44
home Вести

Милошоски: Владејачкото мнозинство во Собранието не само што е тенко, туку е и неусогласено

Милошоски: Владејачкото мнозинство во Собранието не само што е тенко, туку е и неусогласено

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека владејачкото мнозинство во Собранието не само што е тенко, туку и неусогласено.

-Владејачкото мнозинство во Собранието не само што е тенко (62 пратеници), туку е и неусогласено.

Првиот знак за нефункционалноста на владеачката селотејп коалиција во Собранието е што дури и по еден месец од почетокот на конститутивната седница СДСМ-ДУИ-БЕСА-ДПА сеуште не можат да се договорат кој ќе ги води комисиите за европски прашања, за здравство и за политички систем. Овие комисии се битни, особено комисијата за европски прашања, затоа што во минатиот мандат истата често беше инструментализирана од страна на владата за носење на контраверзни закони по скратена постапка, со злоупотреба на европското знаменце.

Но, ваквите кавги на власта го кочат и формирањето на сите други комисии, кои како работни тела на законодавниот дом се неопходни за функционално Собрание. Доколку на пример нема формирани комисии за здравство и за образование, Собранието не може ни да разгледува, ни да гласа предлог закони од овие области. За споредба, во 2006та, 2008ма, 2011та, 2014та и 2017та година одлуката за формирањето на комисиите Собранието ја донело во рок не подолг од 4-7 дена од своето конституирање.

Вториот знак на нефункционалност на владеачкото мнозинство во Собранието е обидот да се протне “привремен правилник” за онлајн работа на пратениците од дома. Овој обид има за цел да ја покрие неспособноста на владеачката селотејп коалиција да обезбеди кворум од 61 пратеник за работа на Собранието. Претставниците на власта се свесни дека во сегашниот состав имаат најмалку двајца пратеници кои на седници во Собранието доаѓале “од принова, на погибел”, како и уште двајца пратеници од помалите партии на селотејп коалицијата кои се незадоволни од ветеното пред избори и сегашното нивно маргинализирање во извршната власт.

Овие околности најавуваат дека власта често ќе биде неспособна да ги собере во кворум пратениците кои ја изгласале. Затоа под превезот на “пандемијата и дигитализацијата” ќе се обидат да ја сокријат својата неефикасност со проект за онлајн Собрание. Парадокс е како еден шофер може да биде на работното место во автобус, еден наставник може да биде на работното место во училница, еден лекар може да биде на работното место во болница, новинарот и градежниот работник исто така, а 61 пратеник со високи плати и добри услови за работа наводно заради здравствен ризик не можеле да дојдат на своето работно место.

Но, има еден проблем. Ваквиот проект за онлајн Собрание е неуставен (спротивен на чл.69), е обид за деградирање на транспарентноста и демократската јавна критика во законодавниот дом, и како таков е неприфатлив за опозицијата која е присутна и активна во Собранието.

Туркањето на вакви неуставни “привремени правилници”, спротивни на вољата на многубројната опозицијата е само туркање на Собранието во политичка и институционална криза, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Владејачкото мнозинство во Собранието не само што е тенко (62 пратеници), туку е и неусогласено.

Првиот знак за…

Posted by Antonio Miloshoski on Wednesday, September 2, 2020

Коронавирус