недела, 26. јуни 2022. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Владата треба да биде поагилна и македонската дипломатија поконкретна во делот на европските интеграции

Милошоски: Владата треба да биде поагилна и македонската дипломатија поконкретна во делот на европските интеграции

Македонија уште во 2001 година го потпиша процесот за стабилизација, асоцијација со ЕУ, потоа 2004 година поднесе апликација за членство,2005-та година доби кандидатски статус, 2009-та година ја добивме првата препорака дека државата е спремна да ги отпочне преговорите за членство од ЕК. А, 2010 година ја добивме визната либерализација итн. Но, заради блокадите од соседните земји – членки на ЕУ кои што во случајот Чешка, Словачка, па и други држави соседите им биле промотори на нивното членство, кај нас за жал се поставија како кочничари и денес се наоѓаме таму каде што сме. И сериозно сме загрижени дека процесот на полноправно зачленување не само на Македонија туку ина околните држави од Западниот Балкан во иднина може да станува покомплицирано, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на 24 телевизија.

Милошоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека во овој дел Владата треба да биде поагилна и македонската дипломатија поконкретна. Бидејќи смаата платформа на сегашната владејачка гарнитура на СДСМ и ДУИ, и референдумот, и сите тие музички прослави и настани беше за европска Македонија. И од 2017-та година до денес секое полугодие македонските граѓани слушаат дека добиле датум, но датумот никако да стаса.

-Имавме и една легендарна фотографија за веќе добиен датум, но гледаме дека нема ништо од тоа и за жал тапкаме во место, појасни Милошоски.

Коронавирус