четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 139
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Милошоски: Владата само декларативно има програми за заштита на животната средина и ветуваше дека ќе го реши загадувањето уште во 2016 година

Милошоски: Владата само декларативно има програми за заштита на животната средина и ветуваше дека ќе го реши загадувањето уште во 2016 година

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на комисиската дискусија за буџет истакна дека она што владата го збори дека за програмата против загадување се обезбедени некакви средства, истото го кажуваше и претходната година, го слушавме и во претходните и ребаланси и во претходните буџети.

-Да бидам искрен на оваа тема слушнавме нешто и од Дамјан Манчевски кој во ноември 2016 година изјави дека загадувањето ќе се исчисти со промената на власта. Промената на власта се случи во 2016, а веќе сме крај на 2019 година, а овие ветувања не се реализираа, вели Милошоски.

-Беше исто така ветено беше од министерството за финасии и владеачката коалиција, дека ќе се обезбедат половни кредити за замена на сите технолошки застарени производствени капацитети со нови со цел да не предизвикуваат загадување, смета Милошоски.

Тој вели дека затоа се поднесуваат вакви амандмани кои што можат да направат ублажување на постоечкото загадување кој ќе станува се поголем проблем. Смета дека треба да помине овој амандман и да се посвети внимание на сериозниот проблем што го има за загадувањето и општината Кичево.

Милошоски спомена дека владата само декларативно има програми за заштита на животната средина, бројката од 0,042 % од БДП во Македонија што доволно збори за тоа колку внимание односно невнимание се посветува , колку има разлика од тоа што владата декларативно го збори за некакви си проекти, со она што го обезбедува за некакви си ресурси од самиот буџет. И на крај од годината ќе видиме дека и овие 0,042 % нема да бидат целосно искористени за намените кои биле определени при донесување на буџетот.

Коронавирус