Почитувани, во врска со овој случај ги известив Коалицијата за правично судење, Мисијата на ОБСЕ, Мисијата на Европската унија, да проследат целиот случај од почеток до крај, бидејќи сакаме и тие да се уверат дека се работи за политички арбитререн, правно неоснован, но за жал политички мотивиран случај, изјави денеска членот на ИК ба ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.
Втората работа која сакам да ја истакнам е тоа што самото обвинение е компромитирано, од две причини, прво обвинението го има почнато како истрага г-ѓата Катица Јанева како поранешна специјална обвинителка, која како што видовме се занимавала и со рекетирање, а го продолжува нејзината другарка Фетаи, за која што Државниот завод за ревизија утврди дека истата незаконски земала 87 илјади евра хонорари токму од Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство.
И третата работа која што сакам да ја споменам е дека сум свесен дека дел од Обвинителството е под силно влијание на Владата. Владата нарачува случаи, обвинителството испорачува политички случаи и очекувам во тој дел обвинителството да го користи аргументот на силата пред судот. Но, како одбрана спремни сме да ги користиме силата на аргументите и сите други потребни докази за да ја увериме и јавноста која што е поканета да го следи овој случај дека се работи за правно не основан и политички монтиран предмет, потенцираше Милошоски.