понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 84
home Вести

Милошоски: Владата и Филипче имаат не само морална туку и здравствена и законска одговорност за неуспешното справување со корона кризата

Милошоски: Владата и Филипче имаат не само морална туку и здравствена и законска одговорност за неуспешното справување со корона кризата

Антонијо Милошоски, пратеник во собранието и член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ во изјава при теренска посета на Битолско кажа дека справувањето со корона кризата од страна на министерот Филипче е неуспешно и затоа Македонија има најмалку имунизирано население во регионот.

Милошоски потенцираше дека доколку министерот Филипче не трчал по провизии и посериозно се занимавал со справување со здравствената криза Македонија немаше да има огромен број на починати и сериозна економска штета.

Сметам дека справувањето со корона кризата е неуспешно бидејќи министерот за здравство Венко Филипче наместо да се заминава со набавка на вакцини и обука на персонал за подобра организираност во оваа пандемија тој трчаше по провизии и Македонија остана за жал земја во регионот која што има најмалку имунизирано население рече Милошоски.

Милошоски додаде дека за катастрофалната здравствена и економска криза и за огромниот број на загубени животи и работни места министерот за здравство Филипче и премиерот Заев не носат само морална одговорност туку и здравствена и законска одговорност за штетата која е направена.

Колку време помина од декември кога Филипче ветуваше дека ќе почне вакцинацијата до денес и колку жртви човечки и жртви економски имаме како држава покажува дека Филипче и Заев не носат само морална туку носат и здравствена и законска одговорност за оваа штета што е направена. Прекумерната смртност за Македонија е катастрофална, а економските штети мислам дека се многу големи и затоа сметам дека тандемот Заев Филипче со непреземање на навремени дејствија нанесоа голема здравствена и економска штета на државата, заврши Милошоски.

ЕУРО 2020

Македонија