понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 120
home Вести

Милошоски: Вакцина против корона нема бидејќи Заев пишувал писма и вршел притисок кај државниот правобранител за 33 милионска зделка, наместо да пишува писма кај производитечите на вакцини

Милошоски: Вакцина против корона нема бидејќи Заев пишувал писма и вршел притисок кај државниот правобранител за 33 милионска зделка, наместо да пишува писма кај производитечите на вакцини

Пратеникот од ВМРО-ДМНЕ, Антонио Милошоски на вечерашнава собраниска дебата за Предлог законот за решавање на спорот меѓу Владата и Макпертол АД по пат на спогодба, се заблагодари на државниот правобранител и неговите соработници.

– Благодарноста е бидејќи државниот правобранител и неговите соработници како институција биле под голем притисок во 2019 година и почетокот на 2020 година. Имало до оваа институција многу дописи, дури и со заклучок од Влада дека државното правобранителство треба да го прифати овој догово. И покрај сите дописи и ургенции од Влада правобранителството го почитува законот и не подлегнало на пристоци, рече Милошоски.

Пратеникот преку цитати на државното правобранителство се гледа дека имотната штета е констатирана и истата тежи 33 милиони евра. Според Милошоски тие средства требало да се потрошат за медицински лица, студенти, тутунари, угостители или за сите оние 52 илјади граѓани кои останаа без работа годинава.

– Вакво нешто не се случило никаде во регионот, никаде нема случај влада да предлага закон во кој субјект е владата од една и приватен стопнственик од друга страна. Закон се носи за општа норма и ако приватен субјект треба да реши проблем има закони кои тоа го регулираат, а ако не може да се најде договор има судови кои одлучуваат по тоа. Мислам парите ќе се делат по по онаа едно евро за црквата, една за Вицето и многу пари за Андреја Јосифовски, телевизија Телма и Макпетрол. И ова се случува во период на криза кога се одбиваат амандмани за да се помогне на граѓани и на правни лица, рече Милошоски.

Пратеникот укажа и зошто нема вакцина против корона во Македонија додека има во земјите од регионот.

– Цела година Заев нема писмо напишано до фирмите производители на вакцината, ама има напишано осум писма до државната пробрнаителство. Заев не му е грижа за вакцините, туку му е гајле за 33 милиони евра. Тоа е зделка од 33 милиони евра која треба да ја делат со Телма и Макпетрол и знае Заев дека не му е легална, па сака да ја гласаат пратениците од СДСМ и да му ја изгласаат, но истата порано или подоцна ќе падне бидејќи е штетна за имотните интереси на државата и за граѓаните, кажа Милошоски.

Коронавирус