сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 83
home Вести

Милошоски: Стравот кој им се прави на граѓаните нема да ги убеди дека договорот со Грција е добар

Милошоски: Стравот кој им се прави на граѓаните нема да ги убеди дека договорот со Грција е добар

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во гостувањето во „Отвореното Студио“ на Алфа ТВ вели дека аргументот на заканување и заплашување е аргумент на луѓе кои се свесни дека народот е позрел.

Тој додава дека неможејќи да се убеди народот дека договорот од Нивици е добар, се служат со заканување.

Милошоски додава и дека Македонија кога ќе стане членка на НАТО никој не го гарантира внатрешниот поредок. Како најдобар пример за тоа тој ги посочи Велика Британија и Турција каде и покрај проблемите што ги имаа тие држави не интервенираше НАТО.

-Тој што се заканува денес и утре ќе има таква лантетна намера да го прави тоа и во иднина. Таквото однесување е несериозно и ја потценува интелегенцијата на граѓаните. Стравот кој им се прави на граѓаните нема да ги убеди дека договорот е добар. Членството во НАТО е подобрување на имиџот на државата. Голема лага е само по себе нашата економија ќе биде подобра. НАТО нема да го средува образованието или да ги собира даноците. НАТО нема да ги поканува ниту странските инвеститори. Грција е најдобар пример. Таа е една од постарите членки на НАТО а дефакто банкротираше. Ако вашата елита наместо да води проекти и ако не работи добро вашата влада и вашиот градоначалник тогаш нема успех.

Милошоски се осврна и на тоа дека некои повикуваа доколку нема договор и доколку не влеземе во НАТО ќе има војна.

Тој притоа посочи дека имаме рамковен договор, заеднички устав тогаш која е причината некој да се заканува со војна.

Милошоски вели дека оваа држава има еден проблем а тоа е економскиот. Ако нема реален напредок според него депресијата ќе стане уште поголема но и разочарувањето.

Коронавирус