понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 78
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Милошоски: Стопанството претрпе огромни штети од конфузните политики на владата

Милошоски: Стопанството претрпе огромни штети од конфузните политики на владата

На денешната собраниска седница обраќање имаше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Тој кажа дека владата во поглед на политиките кои ги носи во економскиот дел очигледно е дека се соочува со идеолошка конфузија.

Имено, пратеникот Милошоски истакна дека СДСМ во 2014 година излегла со програма која гласеше „Промени за нов почеток“ со цел да се врати средната класа и една од темелните промени беше прогресивниот данок за сега да се премислува и да го враќа рамниот данок во сила.

-Беше обвинувана жестоко претходната влада дека рамниот данок е неповолен е штетен е регресивен за стопанството и дека не е добар за развојот на економијата во Република Македонија. Што се случи потоа на СДСМ откако формира влада заедно со коалиционите партери ДУИ и т.н., и требаа година ипол за да направи како што тврдевте во Министерствово за финансии темелни анализи за прогресивниот данок , ви беа укажувани недостатоците, критиките забелешките и не само од опозицијата туку и од стопанството од луѓето кои што работат во приватен сектор, од домашни инвеститори од странски инвеститори . Премиерот Заев , Министерот Тевдовски и Анѓушев бевте глуви за забелешките на стопанската фела, рече Милошоски.

Милошоски дополни дека владата била арогантна во поглед на критиките и укажувањата на експертската фела во поглед на спроведување на промена на даночниот систем со што направила огромни штети како на економијата така и на стопанствениците.

-Но што е најголемата штета што го направивте со овој проект , најголемата штета е што вие како влада која што има идеолошка конфузија воведувате голем дел од стопанството во една стопанска и економска несигурност, поцрта Милошоски.