понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 56
home Вести

Милошоски: Спротивно на Деловникот СДСМ ќе води комисиска седница која е уредно презакажана

Милошоски: Спротивно на Деловникот СДСМ ќе води комисиска седница која е уредно презакажана

Пратеникот Антонио Милошоски кој е претседател на собраниската комисија за надворешна работа на социјалните мрежи објавува дека иако седницата уредно била презакажана, СДСМ кршејќи го Деловникот и законите ќе ја спроведе.

Демократија на диво: денес во 11,30ч по налог на Талат и Цветанка Иванова, Ивана Туфекџиќ, која не е претседател ниту заменик претседател на Комисијата, на диво, нелегално и спротивно на Деловникот ќе “води” седница на комисијата за надворешни работи, иако истата уредно е презакажана! Ова беззаконие денес, создава опасни преседани за владеењето на правото во Македонија утре. СДСМ збори за европски норми и стандарди, а ги погазува законите на секое поле. Граѓаните со право се загрижени дека Собранието стана најголемиот прекршувач на Законите. Зборувајте ми за демократија, закони и владеење на правото, пишува Милошоски на Фејсбук.