понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 168
home Вести

Милошоски со вести од Брисел: Кон ветото на Бугарија се придодаваат уште две земји членки на Унијата

Милошоски со вести од Брисел: Кон ветото на Бугарија се придодаваат уште две земји членки на Унијата

Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок во Брисел, Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка. По однос на македонско-бугарскте спорни прашања неколку земји членки јавно ги искажале своите симпатии кон Македонија и оправданоста за почеток на преговорите без ставање на билатерални спорови како одредници, бидејќи земјата има добиено препорака уште од 2009-та година.

Сепак по однос на последицата од наметнатиот спор, а тоа е одолговлекување на процесот на проширување на ЕУ, изгледа дека Бугарија не е осамена, туку има дискретна дипломатска поддршка од уште најмалку две земји членки на ЕУ!
-Истовремено неколку ЕУ членки, меѓу кои се и Франција, Грција, Италија и Холандија се против усвојување на заклучоци и/или преговарачка рамка само за Албанија поединечно.

-Германското претседателство ја прекинало дискусијата заради немање на консензус и темата за проширувањето повторно ќе биде отворена на состанокот на COREPER на 7-ми декември, во понеделник.

(дипломатски извори, Брисел), објави преку својата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Најнови вести

Коронавирус