четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 9
home Вести

Милошоски со пратеничко прашање до Заев: Дали лично се имате сретнато со Седат Пекер?

Милошоски со пратеничко прашање до Заев: Дали лично се имате сретнато со Седат Пекер?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, му постави пратеничко прашање на премиерот Зоран Заев во врска со средбата со турскиот мафијаш Седат Пекер, по кого Турција и Интерпол трагаат со меѓународна потерница.

-Поради тоа што во јавноста има голем интерес за сигурноста на системот за издавање на биометриски патни исправи и кој од повисоките владини структури можел да биде во тек со издавањето на 214 пасоши на нарко-босови со украден идентитет во случајот „Мафија“, јас до премиерот Заев поставив едноставно пратеничко прашање: „Дали вие лично се имате сретнато со турскиот државјанин Седат Пекер, по кого Турција и Интерпол трагаат со меѓународна потерница?“ И да појаснам, не е од примарен интерес дали евентуалната средба Заев-Пекер била службена, неформална, во приватен дом, во работен ден или за викенд“, напиша Милошоски на Фејсбук.

ЕУРО 2020

Македонија