четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 96
home Вести

Милошоски со огромен скандал, aудиo од Заев: Му помагавме лично на Боки за телевизијата, плус земаше пари од Силјан Мицевски

Милошоски со огромен скандал, aудиo од Заев: Му помагавме лично на Боки за телевизијата, плус земаше пари од Силјан Мицевски

Антонијо Милошоски на собраниската Комисија за европски прашања штотуку презентираше аудио снимка на која по се изгледа може да се препознае гласот на екс премиерот Зоран Заев.

На снимката може да се чуе како Заев јавно признава дека ја помагал телевизијата на Боки Јовановски кој пак е првообвинет за Рекет заедно со Катица Јанева. Заев вели дека помошта била во пари поточно околу маркетингот на телевизијата, но и дека Бојан Јовановски земал пари од бизнисменот Силјан Мицевски.

Од снимката која Милошоски вели дека ја добил од свиркач кој го замолил да се објави со цел јавноста да биде запознаена со неправдите, стои дека помагањето на телевизијата била неколкукратна, но и дека цело време екс премиерот бил во комуникација со првообвинетиот за Рекет, што е во спротивност со тврдењата на Заев дека тој немал никаква комуникација со Боки Јовановски.

Милошоски ваквата аудио снимка ја презентираше токму на седницата на комисијата каде се дискутира спорниот закон за јавно обвинителство, каде според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и голем број на експертите се крие амнестија на Заев од евентуални бомби и снимани разговори. Дали ова се бомбите поради кој Заев турка ваков закон останува да видиме.

Во продолжение интегрално текстот од аудио записот:

Зоран Заев- Но, му требаат пари во тоа телевизијата и.

Зоран Заев- Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации.

Зоран Заев- Го прашав „Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата“? Ми вика: „Имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за тоа старечките домови“.

Зоран Заев- Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата, главно за маркетинг, тоа беше уште порано лани октомври-ноември 2018-та година.

Коронавирус