четврток, 27. јуни 2019. Вести денес: 69
home Вести

Милошоски со недвосмислена поддршка за професорката Гордана Силјановска

Милошоски со недвосмислена поддршка за професорката Гордана Силјановска

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во своето гостување во МРТ, ја изрази својата недвосмислена поддршка за кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова.

-Она што јас го согледувам кај нејзе како додадена вредност е што таа важела и важи за кpитичар на властите кои и да се власти кои што во моментот сакаат да доминираат на секоја позиција. И во тој поглед бидејќи ценам дека на Република Македонија токму заради еден баланс и рамнотежа во општеството и европеизација на сите овие односи и на силите внатре во држвата како критичар на власт, јас тука го гледам нашиот заеднички именител и ќе и ја дадам мојата поддршка и ќе гласам за професорката Силјановска Давкова. И таму каде што имам можност ќе се обидам да го промовирам и тој став, вели Милошоски.

Понатаму тој изрази сериозен сомнеж во демократскиот капацитет на СДСМ со оглед на недемократскиот начин на кој Стево Пендаровски беше избран за кандидат на власта за претседател.

-Она што ја прави разликата помеѓу конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е тоа што кај ВМРО-ДПМНЕ имаше 9 кандидати, имаше различни табори, различни лобирања кој треба да биде кандидат за претседател на државата, додека кај СДСМ гледаме дека имаше само еден кандидат. Односно имаше и некои поднесени кандидатури, го познавам и лично амбасадорот Ѓорѓи Филипов, но на крајот не видовме некој да гласа за него да се изјасни, да му ја одбие или прифати кандидатурата. Што говори и за разликата во демократскиот капацитет во двете партии, заклучи тој.