четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 147
home Вести

Милошоски: Шекеринска и Димитров шират лажни вести за да си ги прекријат сопствениот неуспех

Милошоски: Шекеринска и Димитров шират лажни вести за да си ги прекријат сопствениот неуспех

Кандидатот за пратеник во изборната единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, во вечерашното гостување во емисијата Само Вистина коментирајќи ги изјавите на Радмила Шекеринска и Никола Димитров дека тој бегал од добивање на покана за предметот Моќник, вели дека е разбирливо зошто Шекеринска и Димитров шират лажни вести за да си ги прикријат сопствените неуспеси.

-Го слушнав тоа од Шекеринска и од Димитров и гледам дека во недостиг од свои вести од своја програма шират лажни вести. Јас уредно сум ги примал сите покани кои што се однесувале на мене, вклучително и таа покана од Катица Јанева, сега една од осудените уште во месец април оваа година. Но за жал Шекеринска и Димитров треба да измислат некоја лага за политичкиот опонент за да можат да ги покрија неуспесите кои што ги имаат досега, рече Милошоски.

Според него, Шекеринска ќе доживее голем пораз на предвремените парламентарни избори бидејќи се што ветила во 2016 година не го реализира.

-Зошто Шекеринска и Димитров одбираат на таков начин да шират лажни вести за мене, прво затоа што во спротивно Радмила Шекеринска би требало да збори зошто не е направен детското одморалиште во Битола, во Пелистер каде што заедно со Павле Богоевски се сликаа и таа вети во 2016 година дека тоа ќе биде завршен проект. Нема ништо од тоа. зошто не е објавен Копанки во Битола, Шекеринска го вети во 2016 година, а нема ниту К од Копанки. Зошто не е направен автопатот Меџитлија, Битола, Прилеп, Велес кој што го вети Радмила Шекеринска нема ништо од тоа. И сега Радмила мора да измислува нови противници, нови теми, лажни теми, за да народот заборави што Шекеринска ветуваше пред 4 години. Ништо од тоа што ветуваше нема остварено и затоа мислам дека ќе доживее голем пораз, нагласи Милошоски.

Коронавирус