вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 139
home Вести

Милошоски: Резултатите од првиот круг од локалните избори се доказ дека власта ја губи довербата на граѓаните

Милошоски: Резултатите од првиот круг од локалните избори се доказ дека власта ја губи довербата на граѓаните

Резултатот од првиот круг од локалните избори за ВМРО-ДПМНЕ е успешен и победнички, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој во вечерашната емисијата „360 степени“ која се емитува на телевизија Алсат посветена на исходот од првиот круг од локалните избори, беше запрашан како го оценува резултатат од првиот изборен круг.

Тој додаде дека, освојувањето на 22 општини во првиот изборен круг, од кои што пет општини во градот Скопје, но и општини како Прилеп, Штип, Велес и така натаму, на ВМРО-ДПМНЕ му дава за право да смета дека ова е поволем тренд кој што дава добра основа за успешен тренд и изборни успеси и во вториот изборен круг.

„Резултатот од првиот круг од локалните избори за ВМРО-ДПМНЕ е успешен и победнички. Освојувањето на 22 општини во првиот изборен круг, од кои што пет општини во градот Скопје, а исто така општини како Пролеп, Велес, Штип, Илинден, Свети Николе и други ни дава за право да сметаме дека ова е поволем тренд кој што дава добра основа за успешен тренд и изборни успеси и во вториот изборен круг“, рече Милошоски.

Тој додаде дека во првиот круг конечни се бројките за советници, на кои ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата овоија околу 291 илјада, што е за нешто над 52 илјади гласа предност пред СДСМ, каде што само во градот Скопје ВМРО-ДПМНЕ има предност од над 26 илјади гласа.

„Она што е конечно во првиот изборен круг, конечни се бројките за советници. Задоволни сме што ВМРО-ДПМНЕ и нашата коалиција на ниво на цела Македонија освоија 291 илјада гласови, наспроти оние на СДСМ од 238 илјади гласови, односно имаме предност од нешто повеќе од 52 илјади гласови пред главниот политички соперник. И ако се додаде тука и градот Скопје, каде што ВМРО-ДПМНЕ има 26 илјади гласови предност пред коалицијата на СДСМ“, истакна Милошоски.

Тој потенцираше дека токму овие бројки и изборни резултати се доказ дека власта предводена од СДСМ ја губи довербата на граѓани на локално, но и на централно ниво.

„Затоа цениме дека ова е веќе порака дека власта ја губи довербата на локално ниво, а сметам дека тоа се одразува и на централно ниво“, посочи пратеникот Милошоски.

Коронавирус