сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 77
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Вести

Милошоски: Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ претставува заштита на македонскиот идентитет и македонската посебност

Милошоски: Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ претставува заштита на македонскиот идентитет и македонската посебност

Денес од Собранието на Република Македонија се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој го искажа ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на поднесената Резолуција до пратениците во Собранието.

Според ВМРО-ДПМНЕ секоја една резолуција усвоена во Собранието зад која што стои широк консензус може да биде корисна за целата држава и затоа кога е на некој начин грубо нападнат државниот идентитет, идентитетот на еден народ или јазичната посебност. Ваквите резолуции можат да бидат од помош и ваквите резолуции се и политички коректни во дадениот момент, бидејќи истите историски се оправдани и во дипломатската активност на Македонија во ЕУ изминатите години, истакна Милошоски.

Милошоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ во Резолуцијата се повикува на два документи кои датираат пред дваесетина години. Едниот документ е од службениот весник 43 од 1991 година, резултатите од референдумот и вториот документ е службен весник од 1998 година на кој што се повикуваме и тогаш е донесена декларацијата за развој на односите на Република Македонија со ЕУ, потпишан од тогашниот претседател на Собранието на Република Македонија, Тито Петковски.

Резолуцијата треба да биде поддржана од сите политички партии, независно дали се работи за политички партии од власта или опозицијата, бидејќи нејзината намена и цел се заштита на македонскиот народ и посебноста на македонскиот идентитет и јазичност.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја испрати Резолуцијата по електронски пат до сите пратеници, со цел да се заштеди на време и навремено да се реагира и работи на материјата. Милошоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ очекува позитивни вибрации во однос на поднесената Резолуција и доколку СДСМ се согласи, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за донесувањето на Резолуцијата, заврши Милошоски.

Најнови вести

Коронавирус