петок, 14. мај 2021. Вести денес: 3
home Вести

Милошоски: Проповедаат борба со пандемијата и бараат дисциплина од народот, а Заев и Филипче возат мотори и се отвора хотел специјално за нив

Милошоски: Проповедаат борба со пандемијата и бараат дисциплина од народот, а Заев и Филипче возат мотори и се отвора хотел специјално за нив

Власта проповеда борба против пандемијата и бара дисциплина од народот, а првите луѓе како што се Зоран Заев и Венко Филипче не покажуваат дисциплина која ја бараат од граѓаните, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за „Филибастер“ на Радио Лидер и додаде дека не може да се затворат кафаните за сите, а за премиерот и министерот да се отвори хотел и да уживаат привилегии.

– Кога имате кризна состојба и кога секој час во денот е важен колку луѓе ќе се спасат и колку вакцини ќе се набават, или кислородни боци, и кога луѓето да ги советувате да останат дома, неодговорно е вие јавно да се возите со мотор низ државата. Не е етички од Заев и Филипче да си тераат хоби додека државата има услови на прогласена кризна состојба и брои жртви и заразени, а има и илјадници отпуштени, вели Милошоски.

Тој додаде дека додека тие Заев и Филипче се возат, државата нема вакцини, и се што Македонија доби од вакцини е донација од Србија, од Ковакс или од други.

– Филипче и Заев со неовозможување на навремена вакцинација на граѓаните и медицинскиот персонал носат одговорност за бројот на жртвите од пандемијата, кој сигурно ќе беше значително помал ако навремено се набавеше здравствена заштита. А уште позагрижувачки е што имавме изјава од премиерот каде што беше прашан дали Србија и Грција понудиле да ги вакцинираат сите медицински лица од Македонија, тој кажа дека имало таква понуда, но дека тој и Филипче ја одбиле. Гледаме дека тоа т.н достоинство многу медицински лица го платија со животи, нагласи Милошоски.

Коронавирус