вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 136
home Вести

Милошоски: Проектот наречен Заев, Филипче и Димитров е готов и треба да си дадат оставка, формирање на Влада на експерти веднаш

Милошоски: Проектот наречен Заев, Филипче и Димитров е готов и треба да си дадат оставка, формирање на Влада на експерти веднаш

Пред Владата на Република Македонија Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес го истакна ставот на партијата дека по однос на економската ситуација, надворешно политичката ситуација, блокадата од ЕУ и здравствената криза, сите три кризи имаат име и презиме, а тоа се Зоран Заев, Венко Филипче и Никола Димитров.

-И сметаме дека проектот наречен Зоран, Венко и Никола Димитров треба да си дадат оставка. Зошто? Затоа што во државата имаме најтешка ситуација од независноста до денес, и за граѓаните, и за здравствениот сектор, и за економскиот сектор, но за жал и за евро перспективата. Сметам дека со нивната оставка ние ќе можеме како држава да создадеме можност да формираме Влада на експерти која што ќе може подобро да се носи и во здравството, и во економијата, и во евро интеграциите, рече тој.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Заев, Венко Филипче и Никола Димитров се дел од проблемот на оваа државна криза, а не се дел од решението.

-Нивна оставка во најмала рака е морален чин од нивна страна, а во Собранието и на повисоко политичко ниво ќе може да се разговара за Влада која што ќе ужива поширока доверба и наместо партиски личности, ќе има експерти во секоја област кои што ќе можат да понудат конкретни решенија за следната година дена да можеме да имаме план за излез од кризата, порача Милошоски.

Коронавирус