понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Предвремени парламентарни избори се логични, во Собранието се гледаат прегрупирања, партии и поединци не се задоволни од Заев

Милошоски: Предвремени парламентарни избори се логични, во Собранието се гледаат прегрупирања, партии и поединци не се задоволни од Заев

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски при неговата работна посета индустриска зона Каласлари, одговарајќи на новинарско прашање во однос на предвремени парламентарни избори и уривање на актуелното мнозинство истакна дека тие се оправдани и логични како од политички така и од економски причини, а тоа го навестуваат и прегрупирањата во Собранието.

– Во Собранието се гледа дека има одредени би рекол прегрупирања, има одредени сигнали на парламентарни групи, но и на поединци кои не се задоволни од актуелната власт. Премногу било ветувано, а премалку било реализирано и кон нив, а премногу било ветувано од Заев кон граѓаните на крајот станале свесни дека се работи за уште една лага, потенцираше Милошоски.

Тој истакна дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ смета дека предвремени парламентарни избори се неопходни за што побрзо да замине оваа власт со што Македонија ќе добие поголема перспектива.

– Можни се прегрупирања во рамките на парламентот, но политички и економски, предвремени парламентарни избори би биле оправдани и логични. ВМРО-ДПМНЕ работи на тоа оваа власт што поскоро да биде заменета за да може перспективата за Македонија на секое поле да се развие на подобар начин, нагласи Милошоски.

ЕУРО 2020

Македонија