понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 19
home Вести

Милошоски: Предлогот на Заев е спротивен на суштината на демократијата

Милошоски: Предлогот на Заев е спротивен на суштината на демократијата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил сподели статус во кои пишува дека предлогот на Заев за инстатн закони за системски теми е спротивен на суштината на демократијата.

-Предлогот на Заев за инстант закони за системски теми е спротивен на суштината на демократијата, широкиот политички консензус и принципот на поделба на власта, затоа што тој како премиер кажува
– која личност треба да биде специјален обвинител, со надлежност за цела држава
– што е добар закон за обвинителство и кога треба да го изгласа Собранието
– што треба да гласа опозицијата
– дека тој како премиер ќе биде и министер за финансии
– дека тој како премиер и министер за финансии, исто така ќе биде и градоначалник за урбанизам и градежништвото на Струга и Охрид, стои во неговиот пост на Фејсбук.