четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 128
home Вести

Милошоски: Потребно е градење на национална европска позиција и да се прифати влез на Македонија во европска економска зона

Милошоски: Потребно е градење на национална европска позиција и да се прифати влез на Македонија во европска економска зона

„Ние од Република Бугарија како сосед имаме право да бидеме незадоволни за начинот на кој што тие се поставија во овој случај со ветото кон Македонија. Но има и политички пораки или постапки од кои што можеме да научиме. Едната постапка од која што Македонија може да научи од Бугарија е градењето на национално единство. Во Бугарија без разлика на исходот на изборите, тие и денес и после три или четири месеци јас очекувам дека ќе се придржуваат до меморандумот и декларацијата која што натпартиски беше изгласана во бугарското народно Собрание“, нагласи Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во дневникот на телевизија Сител.

Милошоски смета дека Македонија во меѓувреме наместо да чека, времето секако ќе помине е добро по иницијатива на претседателот на државата, на владата, на опозицијата, на Парламентот да смогне сили на една лидерска средба и на една собраниска пленарна седница ако треба да биде од отворен или затворен тип нека процени Владата со какви информации располага да се разговара за една национална европска позиција која што ќе значи утврдување на рамката на нашиот национален идентитет како европска вредност.

„Може да се гради во секој момент, ние веќе касниме во тој дел. Ќе беше многу подобро ако ваква позиција се изградеше вом 2017-тата година“, истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека ако се гледааат економските параметри на државата, трговијата, увозот, извозот тие самите ќе ви кажат државата во кој правец треба да продолжи да се движи. Македонската економија, извозот, инвестициите, образование, здравство, дијаспора се тесно поврзани со земјите на Европа. И затоа смета дека тој пат треба да се продолжи.

„Членство во европска економска зона, тогаш Македонија не треба да пропушта такви шанси. Напротив би требало претседателто Пендаровски доколку за тоа разговарал со францускиот претседател Макрон, со Собранието, со Владата, со МАНУ, со Стопанските комори и другите надлежни институции треба да разговара на оваа тема. За да може Македонија додека го тера процесот за членство во ЕУ да напредува и на друг план. Бидејќи за разлика од пред десет години денес процесот на зачленување во ЕУ не е популарен и во самата ЕУ“, посочи Милошоски.

Милошоски рече дека влезот во европска економска зона би ја кренала македонската економија, тоа е отскочна даска која нуди многу предности.

Локални избори 2021