среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 167
home Вести

Милошоски: Поради селотејп коалицијата на СДСМ во собрание, ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на седницата за да не бараат кривци во време кога треба да бараат решенија

Милошоски: Поради селотејп коалицијата на СДСМ во собрание, ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на седницата за да не бараат кривци во време кога треба да бараат решенија

„Министерот Венко деновиве не е многу заинтересиран како што беше пред изборите, секојдневно да излегува на прес конференции и да раскажува колку добро се справувале со Ковид кризата. Не го прави тоа првенствено затоа што не е добра состојбата и секој ден е се полошо за народот, за медицинскиот персонал и за државата. Одговорноста е негова. Ќе потсетам тоа е човекот кој ни велеше дека оваа ковид криза ќе заврши со околу 2000 заразени, а ние имаме толку само оваа измината недела. Меѓудругото тој е одговорен затоа што 800 наши сограѓани, за жал, повеќе не се меѓу најблиските. Филипче и Др Караџовски не превземаа ништо кога дискотеки во Струмица и Скопје кои важат за блиски до власта, организираа масовни и здравствено ризични концерти.
Единствено за успех на Филипче може да се смета фактот што е ефикасен со тендерите во време на вонредната состојба, паралелно со плацевите на планината Водно“, стои во Фејсбук статусот на Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Можам да порачам две работи: првата е да се разреши комисијата за заразни болести, во која што веројатно поради материјален интерес има и педијатри и да се формира специјална државна комисија од стручни експерти кои ќе ја водат борбата против ковидот. Второ, законот на Филипче во кој не се предлага ниту една мерка повикувам веднаш да се предложи и да се стави на гласање. Поради селотејп коалицијата на СДСМ во собранието ветуваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на седницата и ќе им обезбеди кворум, за да не бараат кривци во време кога треба да бараат решенија.Овој закон нема важност за граѓаните и за борбата против ковидот, и затоа што ВМРО-ДПМНЕ нема да биде учесник во оваа соло игра на Др Караџовски, Филипче и неспособната влада на Заев, апелирам да не се злоупотребува катастрофата со заразата која што секојдневно се зголемува, пишува тој.

Коронавирус