недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 31
home Вести

Милошоски: Пописот треба и мора да се реализира, но не ваков каков што сака да го направи СДСМ и по цена на животите на граѓаните

Милошоски: Пописот треба и мора да се реализира, но не ваков каков што сака да го направи СДСМ и по цена на животите на граѓаните

На денешната седница на Собранието на Република Македонија се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој зборуваше за законот за попис, методологијата за донесувањето на истиот, како и моменталната ситуација со Ковид-19 пандемијата која директно влијае врз одржувањето на пописот.

Во однос на донесувањето на законот за попис, Милошоски вели дека истиот не само што се пробува да се донесе на сила, туку и законот каков и да се донесе, не е исто што и неговото реализирање. Според Милошоски, пописот е операција која што не треба да се спроведе за само да и пројде редот, туку да има значење и граѓаните да ги знаат точните информации во однос на населението во државата.

Република Македонија се уште се соочува со пандемијата од Ковид-19 вирусот и тоа е огромна причина да се размисли дали во моментот е потребен попис кој ниту ќе биде релевантен, ниту пак ќе придонесе за прецизирање на одредени податоци. Според Милошоски голем број на земји ги одложиле пописите кои требале да се случат кај нив оваа година, само поради лошите и поразителни бројки на починати и заболени од Ковид-19 вирусот.

– Не е нормално во време кога навистина се бориме со пандемија, да ризикуваме дополнително со животите на граѓаните. Една Германија, Бугарија и уште низа на земји ги одложија пописите кои беа предвидени за оваа година и ги преместија за во 2022 година. Политичарите кај нас доколку размислуваат зрело, треба да ги направат истите чекори и пописот да не биде избрзан и фингиран, а потоа да се чекаат нови 20 години за нов попис, додаде Милошоски.

Милошоски потенцираше дека пописот треба и мора да се реализира, но не сега во овој момент и под вакви услови. Со мало пролонгирање на пописот, ќе се избегнат лоши ситуации во однос на пандемијата и ќе се изработи модеп преку кој пописот ќе го добие своето вистинско значење и неговото реализирање ќе придонесе со нови точни статистички податоци за населението вп државата, заврши Милошоски.

Коронавирус