среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Пендаровски, заради неговото другарување со Заев изгледа го префатило „вирусот“ Заевизам

Милошоски: Пендаровски, заради неговото другарување со Заев изгледа го префатило „вирусот“ Заевизам

Антонијо Милошоски, висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ денес објави пост каде што посочи дека претседателот Стево Пендаровски, заради неговото другарување со Заев изгледа го префатило „вирусот“ Заевизам – т.е. прво настапуваше со тврдење, а потоа одиш со лажење и самодемантирање!

„На 30-ти мај Пендаровски тврдеше дека заради зголемениот број на заразени и починати сограѓани прогласува вонредна состојба“, напиша Милошоски.

Милошоски во својот пост додаде дека за само 13 дена подоцна Пендаровски „тврди“ дека тој никогаш не прогласил вонредна состојба заради бројот на заразени и починати и таквите споредби биле неосновани.

-Зошто Пендаровски денес одбра да се самодемантира најдобро знае неговиот другар, „носителот на вирусот Заевизам“, посочи Милошоски.

Претседателот Стево Пендаровски, заради неговото другарување со Заев изгледа го префати "вирусот" Заевизам – т.е. прво…

Gepostet von Antonio Miloshoski am Freitag, 12. Juni 2020

 

Локални избори 2021