сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Пендаровски самиот се девалвираше со тоа што мандатот му го додели на пратеникот Заев, кој нема 61 пратеник

Милошоски: Пендаровски самиот се девалвираше со тоа што мандатот му го додели на пратеникот Заев, кој нема 61 пратеник

Претседателот Пендаровски пред две недели тврдеше дека согласно Уставот ќе го додели мандатот само на оној кој ќе му предочи 61 потпис од пратениците. Денес Пендаровски самиот се девалвираше со тоа што мандатот му го додели на пратеникот Заев, кој нема 61 потпис од пратеници, но е претседател на партијата СДСМ што го кандидираше Пендаровски. Го узурпираше мандатот, го заборави Уставот, стои во Фејсбук статусот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Тој во својот статус исто така истакна дека по оваа уставно-спорна логика Пендаровски можеше исто така да му го додели мандатот и на Африм Гаши, пратеник и претседател на партија. Или на Маја Морачанин, пратеник и претседател на политичка партија. Или да размисли кој му е поблизок па да реши да му го додели мандатот на Павле Трајанов или на Бејџан Иљас, избрани пратеници и претседатели на политички партии.

Целосниот негов статус може да го прочитате во продолжение.

Коронавирус