четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 107
home Вести

Милошоски: Ова е голем дипломатски дебакл на Заев и Димитров, патлиџан дипломатија = пинџур резултати

Милошоски: Ова е голем дипломатски дебакл на Заев и Димитров, патлиџан дипломатија = пинџур резултати

Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски се огласи на социјалните мрежи откако попладнево ЕУ одлучи дека е можно Македонија да добие датум за почеток на преговори идната година, како и дека потребни се неколку услови кои земјата треба да ги исполни.

-Luxembourg, EU meeting:
Франција, Холандија и Данска не дадоја согласност да има одлука за почеток на преговори на Македонија оваа година. Сметаат дека земјава ги нема исполнето основните предуслови од извештајот на Прибе и планот 3-6-9, особено во однос на владеењето на правото, судството, администрацијата и корупцијата. Ова е голем дипломатски дебакл на Заев & Димитров. Пораката од Луксембург до Заев и Димитров е дека нивната спремност да си го сменат националното име и Уставот на сопствената држава не е доволно за да ја покријат погрешната политика на владата на СДСМ во клучните сектори за државата.
Заклучокот кој е постигнат е условен и необрврзувачки, и истиот гласи: “EU negotiations with FYROM/North Macedonia & Albania can start in 2019, depending on progress made by the countries”.
П. С.
Патлижан дипломатија = пинџур резултати!, пишува Милошоски во својот Фејсбук статус.

Коронавирус