четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 184
home Вести

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да ни ги достави одговорите кои што македонската страна ги има испратено до официјална Софија за таканаречениот план 5+1, рече на денешната прес-конференција во Собранието, Антонијо Милошоски, пратеник на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека ваквото барање произлегува од фактот што сметаат дека не е демократски пратениците во софиското Собрание да го знаат она што македонските пратеници не го знаат.

-Македонската јавност има право преку претставниците во Законодавниот дом да дознае за што се работи“, нагласи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ кој јавно запраша и дали има нешто што се крие. Ова барање го претставувам денес јавно и од една дополнителна причина, бидејќи министерот за надворешни работи Бујар Османи, иако е скаран со неговиот колега Никола Димитров, сепак минатиот декември покажа дека имаат исти навики. Минатиот декември му доставивме барање да се обрати пред Комисијата за надворешна политика, но за жал истото го игнорираше и не се појави, а е негова законска обврска. Затоа сметам дека со порака преку јавноста, покрај вака со писмено барање, ќе успееме да ги доведеме министрите во Собранието каде што имаат законска надлежност да дадат отчет за нивната работа, посочи Милошоски.

Најнови вести

Коронавирус