вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 6
home Вести

Милошоски: Османи и Спасовски ја криеле „Ерменската афера“ со дипломатот (ДОКУМЕНТ)

Милошоски: Османи и Спасовски ја криеле „Ерменската афера“ со дипломатот (ДОКУМЕНТ)

МНР Османи и МВР Спасовски не ја говорат вистината кога тврдат дека за „Ерменската афера” прв пат слушнале во август оваа година, кога Србија извести дека го уапсила дипломатот Миле Миленкоски, кој со логистика од Македонија шверцувал обвинети од Ереван до Виена, обвинува Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на својот фејсбук објави документ за кој вели дека е од април оваа година од Загреб, кој известува за екстрадициониот притвор на македонскиот државјанин Бранислав Димитриевиќ во Осиек, баран преку Интерпол, е само уште еден доказ дека раководството на МВР, АНБ и МВР, за “ерменската афера” дознало многу порано, но молчеле.

-🚩МНР Османи и МВР Спасовски не ја говорат вистината кога тврдат дека за “Ерменската афера” прв пат слушнале во август оваа година, кога Србија извести дека го уапсила дипломатот Миле Миленкоски, кој со логистика од Македонија шверцувал обвинети од Ереван до Виена.
🚩Документот од април оваа година од Загреб, кој известува за екстрадициониот притвор на македонскиот државјанин Бранислав Димитриевиќ во Осиек, баран преку Интерпол, е само уште еден доказ дека раководството на МВР, АНБ и МВР, за “ерменската афера” дознало многу порано, но молчеле.
🚩Инаку Бранислав Димитриевиќ бил еден од најблиските соработници во проектите на Левон Саркисјан, братот на поранешниот претседател на Ерменија, без кого не поминувал ниеден поголем тендер, и кој исто така е во бегство. Во меѓувреме во МНР удираат по самарот (ветинг на двајца вработени од понизок ранг), додека триото “шверцери на луѓе од Ерменија” сеуште ужива заштита на некои високи државни функционери, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Локални избори 2021