среда, 8. јули 2020. Вести денес: 260
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Вести

Милошоски: Оливер Спасовски фатен во фалсификат

Милошоски: Оливер Спасовски фатен во фалсификат

Доцна вечерва во прес салата во Собранието на Република Македонија изјава даде пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Тој истакна дека покрај целиот хаос кој денес се случил во Собранието, најнова вест е дека Владата на Република Македонија пратила до Собранието документ кој е фалсификат во кој стоело дека Владата сака да го повлече предлог законот за Јавното обвинителство.

Потписник на документот кој е испратен до Собранието на Република Македонија е актуелниот технички министер, Оливер Спасовски. Милошоски истакна дека не може било кој предлог закон да се донесува или да се повлекува без истиот да е ставен како дневен ред односно точка на седницата на Влада. Тука се поставува прашањето дали Оливер Спасовски сам одлучува во името на целата Влада и дали мислењето на останатите во Владата не е важно, вели Милошоски.

-Оливер Спасовски направи класична злоупотреба на службената должност, односно како технички премиер самиот се охрабрил дека иако Владата немала седница на која се расправало за оваа точка, ниту пак има било каков записник, тој може да испраќа вакви документи кои немаат никаков легитимитет, додаде Милошоски.

Ова ќе биде тест за институциите во Република Македонија и истите ќе можат да се верификуваат како такви само доколку се постапи согласно законите и Оливер Спасовски да биде санкциониран. Се повикува Уставниот суд, државното правобранителство и сите останати надлежни институции да постапат согласно законите и да се прочешла овој случај кој ниту малку не наликува на европски, впрочем како што самата гарнитура на власт сака да се промовира како европска, заврши Милошоски.

Парламентарни избори 2020