среда, 4. август 2021. Вести денес: 104
Вонредна вест

ГОЛЕМ РАСТ: 164 новозаболени од коронавирус, починаа три лица

home Вести

Милошоски оди во самоизолација, неговата мајка позитивна на Ковид-19

Милошоски оди во самоизолација, неговата мајка позитивна на Ковид-19

Поранешниот пратеник и министер за надворешни работи Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави дека оди во самоизолација, затоа што неговата мајка била позитивна на Ковид-19.

– Драги пријатели, мојата мајка Светлана Милошоска, која 40 години работи како медицинска сестра во болницата во Кичево, попладнево ме извести дека е позитивна на ковид-19. Веднаш по известувањето бев исконтактиран од надлежниот епидемиолог од Битола кој според здравствениот протокол ми пропиша мерка самоизолација до 6-ти јули, заради кратката средба со мајка ми пред 5 дена во Кичево. Мерката доследно ќе ја почитувам, како што ги почитував и правилата за носење на маска и честа хигиена во изминативе 4 месеци, напиша Милошоски.

Тој информира дека се чувствува добро и дека засега нема никакви симптоми. Посочи дека до 6-ти јули ќе има две задолжителни тестирања од надлежните медицински лица.

– Она што ние како луѓе треба да го правиме е да ги применуваме заштитните мерки, да бидеме внимателни во однос на пандемијата, и да ги почитуваме советите на лекарите. останатото е на науката и на бога, напиша Милошоски кој е кандидат за пратник на листата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори.

Коронавирус