сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 95
home Вести

Милошоски: Одговорноста за нефункциониот противпожарен систем во „Глобал“ води до општината и сопствениците

Милошоски: Одговорноста за нефункциониот противпожарен систем во „Глобал“ води до општината и сопствениците

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави дека одговорноста за нефункциониот противпожарен систем во „Глобал“-Струмица води до општината и сопствениците.

Законот за градење чл.58 и чл.87, како и Законот за заштита и спасување чл.68 и чл.70 упатуваат на одговорност на градоначалникот на општината, но и на инвеститорот, и при издавање на дозвола за градба и при издавање на одобрение за употреба на објектот, кој мора да е изграден и според нормите за заштита од пожари, пишува Милошоски на Фејсбик.

Тој додава дека доколку трговскиот центар ГЛОБАЛ немал функционални хидранти и друга задолжителна противпожарна заштита, тогаш не смеел да добие одобрение за употреба, бидејќи тоа е незаконски и претставува ризик за дуќанџиите, ризик за муштериите, за нивните животи и за материјалните добра во објектот.

-Инвеститори, а потоа и сопственици на Глобал во 2014 година станаа фирмите Сим инженеринг и Де Лукс инженеринг, од кои едната е во сопственост на Горан Крстев, кој заедно со Зоран Заев беше аболициран за “ГЛОБАЛ”. Медиумите известија дека во дел фирмите на Горан Крстев свој удел има и братот на Зоран Заев.Затоа би било солидарно доколку Заеви продадат еден Мајбах (380.000€) и едно Бентли (180.000€), и со парите од овие нивни скапи возила ги покријат загубите на дуќанџиите и пазарџиите чиј имот настрада во незаштитениот од пожари ТЦ ГЛОБАЛ, стои во објавата на Милошоски.

Најнови вести

Локални избори 2021