среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Милошоски: Очигледно писмата на Катица се координирани од Заев, Дескоска, Рускоска и Јовески

Милошоски: Очигледно писмата на Катица се координирани од Заев, Дескоска, Рускоска и Јовески

Дебатираме за клучните разлики за предлог законот за јавно обвинителство, но за истите нема консензус. Ние имаме цврсти агументи, и како правници и како партија, но најмногу зависи од политичката волја на мнозинството и владата, рече пратеникот Антонио Милошоски по разговорите со претставници на власта за текот на Законот за јавно обвинителство.

Според него она што е чудно е што стигнуваат писма од притвор, или писмата на Катица Јанева.

-Според Законот за обвинителство за секој притворен се смета дека е суспендиран од работа што значи дека не може да одлучува посебно кога е осомничен за злоупотреба на службената должност. Тоа значи дека очигледно писмата не се нејзина иницијатива, иницијатива на Јанева. Туку се координирани меѓу Зоран Заев, рекетарката Јанева, министерката Десковска, обвинителите Рускоска и Јовески, рече Милошоски.

Тој укажа дека на власта и е важно само обвинителот во кој верува да има увид во Рекет и никој друг, никаков независен обвинител. Според Милошоски тоа води кон тоа дека ако друг има увид ќе излезе на виделина дека и други се вклучени обвинители, судии, пратеници, луѓе од власта….

-Ние се залагаме за тоа како да се врати довербата во обвинителството и судкиот ситем, а тоа значи во изборот на главните обвинители да се вклучат сите релевантни чинители во државата, додаде Милошоски.

Тој укажа дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да работи заеднички на законот за јавно обвинителство и во истиот да ги има сите меѓународни стандарди.

-Но, во ниедна наша фантазија не можевме да замислеме дека „СЈО ќе го убие она што требаше да води правда“. Но, Јанева поставила приоритет наместо повеќе обвинителни акти, повеќе торби Луи Витон и рекет. Ние тука немаме никаква одговорност и жалиме што надежта која го подобруваше имиџот сега станува товар за државата, изјави Милошоски.