вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 187
home Вести

Милошоски: Очекувам сите политички партии да ја подржат Резолуцијата и да имаме јасни македонски позиции

Милошоски: Очекувам сите политички партии да ја подржат Резолуцијата и да имаме јасни македонски позиции

Би сакал да ве информирам по однос на предлог Резолуцијата за Евро интеграции и наметнатите билатерални спорови за кои што цениме дека треба да има македонски државни позиции, денеска остваривме средба со пратениците на ЛДП, ДОМ и Демократски сојуз, а утре треба да оствариме средби со пратеничките групи на Алијанса и Алтернатива и ДУИ, истакна Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денешната средба со пратениците на ДОМ, ЛДП и Демократскиот сојуз беше продуктивна и во принцип оценивме дека суштината на оваа Декларација може да биде политички корисна во самата Резолуција, се меѓународни норми и стандарди поврзани со човековите права и правата на секој народ да се самоидентификува и да си ја определува својата култура, историографија, јазична традиција и сл.

Очекуваме оваа Резолуција да помине во македонското Собрание и сметаме дека доколку политичките партии се обединат околу една ваква заедничка Резолуција.

Тоа ќе биде корисно и за Македонија, ќе биде корисно и за македонското општество да нема дополнителни поларизации, а сметаме дека може да биде корисно и во рамките на самата ЕУ да ги претстави на еден праведен и сериозен начин позициите на Македонија како дел од европската култура и македонскиот народ како дел од европските народи“ – порача тој.

Локални избори 2021