петок, 14. мај 2021. Вести денес: 29
home Вести

Милошоски: Нови фрапантни сознанија, мафијата на Спасовски и Заев делеле пасоши и на борци од ИСИС

Милошоски: Нови фрапантни сознанија, мафијата на Спасовски и Заев делеле пасоши и на борци од ИСИС

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска истакна дека аферата „Мафија“ има нов продолжеток.

-Досега видовме дека МВР на Спасовски и Заев издало македонски пасоши со лажни идентитети на лица членови од српската мафија, црногорската, италијанската, шпанската, турската мафија и многу други, вели Милошоски.

Но овде овој скандал со аферата „Мафија“ не завршува, за жал.

-Имаме информации дека македонски пасош издаден од МВР во 2018-та година има и косовскиот државјанин Фитим Дема, член на радикалната терористичка група ИСИС. Тој бил баран со потерница од приштинскиот суд за одлежување на затворска казна но на непознат начин успеал да стигне во Македонија и од Македонија да добие македонска патна исправа со лажен идентитет. Давањето на македонски пасоши на лица, припадници на ИСИС како терористичка организација не само што ја загрозува безбедноста на Македонија и регионот туку ги загрозува и интересите на сите земји членки на НАТО и ЕУ. Ваквото делување не можело да помине без знаење на највисоките раководни структури во МВР. Според нашите информации Спасовски и МВР овозможиле да се крадат идентитети за да се даваат вакви пасоши на лица кои што се борци во Сирија, членови на терористичката група ИСИС, нагласи Милошоски.

Тој посочи дека во февруари 2019-та година на пристаништето во Валона бил уапсен Фитим Дема, косовски државјанин кој што бил уапсен со македонска патна исправа.

-Инаку во Сирија бил познат како еден од најблиските соработници член на Љавдрим Мухаџери, еден од најпознатите членови на ИСИС и на оваа терористичка организација од регионот. Фитим Дема бил баран за издржување на затворска казна за учество во терористичка група и учество во странска војска од страна на судот во Приштина. Во март 2018-та година им побегнал на косовските власти. И во 2018-та година исто така успеал да извади македонски пасош со лажен идентитет. За што сметаме дека не можело да се случи само со знаење на шалтерски работници, морало некој и од повисоките раководни структури да му овозможил на овој терорист од регионот кој што учествувал во борбите во Сирија да добие македонски пасош. Откако добил македонски пасош намерата му била со траект преку Валона да замине за Бриндизи во Италија. И тогаш благодарение на препознавањето од страна на граничната полиција на Албанија е уапсен и е констатирано дека има македонска патна исправа. За што албанските медиуми многу на долго и на широко пишуваа во текот на 2019-тата година. Така што дури и во 2018-та година министерот за внатрешни Спасовски та не знаел за издавањето на пасош на овој терорист, можел преку јавно достапни информации да го дознае тоа во 2019-та година. Да го потсетиме министерот дека во 2018-та година кога Фитим Дема, терористот од ИСИС добива македонски пасош, министер е Оливер Спасовски за да не се збуни да не наведе друг министер во тоа време, нагласи Милошоски.

Исто така во 2019-та година министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски кога албанските медиуми на големо пишуваат дека е уапсен Фитим Дема, терорист од ИСИС кој што поседува македонска патна исправа.

-Во нормална држава ќе се броеја часовите или деновите кога министерот за внатрешни работи после еден ваков голем скандал ќе си поднесеше оставка. Но, во Македонија гледаме дека наместо одговорност за скандалот „Мафија“, испаѓа дека мафијата си има своја држава и никој не поднесува одговорност. Сметаме дека сите оние театри кои што се прават со заплени на путер, и некаква си бледа корупција, се погазени со оваа афера „Мафија“ каде што македонски пасоши со украден идентитет од македонските граѓани добивале светски убијци, мафијаши, нарко – босови, терористи и луѓе познати со трговија со дрога. За тоа сметаме дека мафијата на Спасовски и Заев ја претворила Македонија во логистички центар во сива зона каде што сите оние кои што имале намера да му избегаат на Интерпол или на нивните држави каде што биле барани со потерници нашле не само прибежиште туку и бесплатна патна лажна исправа за да можат да се заштитат. За тоа, почитувани граѓани, нашиот апел е што побрзо оставка од страна на министерот за внатрешни работи бидејќи издавање на македонски пасоши на познати терористи, членови на ИСИС ја загрозува безбедноста на Македонија, безбедноста не регионот и е спротивно на безбедносните интереси на членките на НАТО и на ЕУ. Овој скандал мора да заврши не само со кривична туку и со политичка одговорност, нагласи Милошоски.

Коронавирус