среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 147
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Милошоски: Ние имаме нов премиер кој што е претседател и на СДСМ, но немаме нова Влада, тие се политиките, затоа се потребни предвремени парламентарни избори

Милошоски: Ние имаме нов премиер кој што е претседател и на СДСМ, но немаме нова Влада, тие се политиките, затоа се потребни предвремени парламентарни избори

Во јуни неочекувам Македонија да добие датум, за жал. Затоа што Бугарија се гледа дека ја има добро научено и ја повторува лекцијата од сервилноста на македонската Влада кон Грција. Иако тие забежале дека македонската Влада актуелна е сервилна кон една земја членка и само прашање на време е кога таа сервилност ќе даде производ посакуван за земјата – членка на ЕУ,колку и да е тој непринципиелен, тогаш ја научиле таа лекција дека треба да ја повторат и да бидат упорни во тоа барање и да ја натераат македонската Влада да потпише нешто што не е во наш интерес. И затоа сметам дека ова не е инцидентно и не се поединци во прашање кога зборуваме за Бугарија, туку се работи за пристап на нивните институции, за нивното Народно Собрание, претседател на држава, и за целата Влада. Јас не викам дека сите политички партии во Бугарија размислуваат унисоно, или сите политички актери, но сметам дека нивниот пристап кон Македонија е прилично добро синхронизирано. И затоа треба Македонија да биде покатегорична и во случајот на вакви изјави кои што се дадени или од европратеници, или од пратеници во бугарското Народно Собрание или од претседателот на соседна Република Бугарија. Некогаш треба македонското МНР да вложи и протестна нота, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на 24 телевизија.

Милошоски додаде дека македонското МНР некогаш на недоличните изјави од Бугарија треба да вложи протестна нота, да изрази револт, дададе вербална нота, да покаже што Македонија ја повредува. Врз основа на европските принципи. Ако се премолчува само во интерест за да не се дига тензија и да нема конфликттогаш во иднина ќе се има само понеприфатливи и се попровокативни изјави.

„Оваа политика на молчење, сервилност и нетранспарентност кон македонската јавност и кон амкедонското Собрание сметам дека не е продуктивна за нашата дипломатија“, рече Милошоски.

Милошоски во текот на емисијата се осврна и на активната блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на престојниот народен протест на 18-ти јуни. Тој посочи дека според него самата потреба која што општеството ја чувствува за подобрување и за промени, губењето на легитимитет на власта на локалните избори која што самата владејачка коалиција тоа го наметна и токму тоа говори дека е време за предвремени парламентарни избори.

„Ние имаме нов премиер кој што е претседател и на СДСМ, но немаме нова Влада, тие се политиките. Имаме сега премиер кој што на својот фејсбук профил на почетокот мислев дали му е хакиран или не, пишува една пофалба , а владиниот тим работи на новиот ребаланс на буџетот и најавува декаќе имаме кратење на 100 милиони евра непродуктивни трошоци од претходниот буџет. А, претходниот буџет како заменик министер за финансии Ковачевски и Фатмир Бесими го пишувале заеднички. И сега како може вие претходниот буџет е пишуван пред шест месеци исто во време на криза, на пандемија, на економски турбуленции и слично си предвиделе 100 милиони евра непродуктивни трошоци, а за сега кога кризата станува уште понепријатна премиерот кој што го пишувал буџетот како заменик министер за финансии да најави дека ќе има кратење на 100 милиони евра непродуктини трошоци“, запраша Милошоски.

Милошоски укажа дека ова не е некоја нова Влада која што нуди нови политики.

„Мора да дојде до ситуација каде што ќе мора да се седне и да се разговара и да се утврди датум за предвремени избори. И да се разговара за многу теми кои што се од заеднички интерес без разлика кога да се одржат изборите“, нагласи Милошоски.

Коронавирус