четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 129
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Милошоски: Неспособноста на актуелната влада и на централно и на локално ниво се гледа во бројките на многу ниска реализација на капиталните инвестиции

Милошоски: Неспособноста на актуелната влада и на централно и на локално ниво се гледа во бројките на многу ниска реализација на капиталните инвестиции

На денешната собраниска седница за ребалансот на буџетот пратеникот од редовите од ВМРО- ДПМНЕ Антонио Милошоски кажа дека најголемиот проблем на ребалансот на буџетот е дека се кратат средства за капитални инвестиции.

– Најголемиот проблем на ребалансот на буџетот е дека се кратат средства на капитални инвестиции. Мала држава како што е Македонија и особено чија што економија е силно поврзана со економиите и на соседните земји и на земјите во европската унија. Најдобрата работа што може еден градоначалник, еден министер или една влада да ја направи е да ги зголеми средствата но не само и средствата но и реализацијата на капиталните инвестиции кои што зависат од самата држава самата влада или од самата општина кажа Милошоски.

Тој истакна дека ако се зголемат капиталните инвестиции ќе се ублажи економскиот удар но и дека неспособноста на актуелната влада и на централно и на локално ниво се гледа во многу ниска реализација на капиталните трошоци.

– Неспособноста на актуелната влада и на централно и на локално ниво се гледа од бројките на многу ниска реализација на капиталните инвестиции и во време на нормални околности пред да почне пандемијата а особено во време на оваа корона криза. 40.000 и повеќе граѓани се останати без работа а долгот се зголемува потенцираше Милошоски.

Коронавирус