вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 157
home Вести

Милошоски: Немаат 400.000 евра за сервис, а имаат 2 милиона евра за владини возила

Милошоски: Немаат 400.000 евра за сервис, а имаат 2 милиона евра за владини возила

Пратеникот Антонио Милошоски по вчерашната огнена стихија во Кочани на Фејсбук коментира за поправката на противпожарните ер-трактори и прави споредба за парите што ќе се потрошат за набавка на владини возила.

„Пожарите и неспособноста на власта во 2 слики: 1. Немаат 400.000 евра за сервис за противпожарните ер-трактори (купени во 2010г)

2. Имаат речиси 2.000.000 евра за лизинг на 45 нови возила за владините функционери Во меѓувреме државата трпи огромни штети, луѓето и нивните имоти, како и животната средина“, реагира Милошоски.

Трите „ер трактори“ од лани не се извадени од хангарите зашто не се сервисирани.

Во пожарот што вчера попладнето избувна на две локации во Кочани, и се доближи до станбените домови над градот во Белско Маало, има оштетени куќи, помошни објекти, оштетени се возила, меѓу кои и едно противпожарно возило.

Во кочанската болница десетина лица побарале лекарска помош поради отежнато дишење од чадот.

Коронавирус