вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 97
home Вести

Милошоски: Најголем доказ за неспособноста на власта e вакцината против КОВИД-19 која никако да пристигне

Милошоски: Најголем доказ за неспособноста на власта e вакцината против КОВИД-19 која никако да пристигне

На денешната изјава за медиуми, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Антонијо Милошоски беше прашан неколку прашања за актуелните теми во Македонија.

Првото прашање на медиумите се однесуваше за вакцините против КОВИД-19 кои се уште никако да пристигнат во државата.

– Според мене процесот на вакцинирање минатата година започна во Србија, Грција, Бугарија, Албанија и многу европски држави. Колку подоцна започнува вакцинирањето, толку поголеми се штетите за здравјето на граѓаните и толку поголеми се штетите за економијата. Македонија за жал заедно со Косово е последната земја која не го започнала процесот на вакцинирање и со тоа здравјето и економијата трпат штети и мислам дека неспособноста на министерот за здравство е дел од одговорот на ова прашање, нагласи Милошоски.

 

ЕУРО 2020

Македонија